Ѕвездата на филмот „Црниот пантер“ починала во 43. година

Чедвик Боземан, актерот најпознат по улогата во „Црн пантер“ на Марвел, починал од рак на дебелото црево на само 43. години.
Тој ја загубил битката со болеста после четири години. Боземан, кој е роден во Јужна Каролина, починал во својот дом, а со него биле и неговата сопруга и семејството, се наведува во соопштението на социјалните мрежи.


Боземан, кој живеел во Лос Анџелес, има играно повеќе историски личности познати по рушење на расните бариери во Соединетите држави, меѓу кои се и онаа на соул пејачот Џејмс Браун во „Get on Up”“, судија на Врховниот суд на САД во „Маршал“ и првиот афроамерикански професионален бејзбол играч, Џеки Робинсон, во „42.“

Сепак, тој е најпознат по улогата на Т’Кал, крал на измисленото африканско кралство Ваканда, кој исто така е борец против криминалот познат како Црниот пантер.
„Црниот пантер од 2018 година“ е првиот филм за суперхерој во кој актерите биле претежно Афроамериканци.
„Црниот пантер“ беше меѓу филмовите со најголема заработка за таа година, и беше номиниран за шест Оскари, вклучувајќи го и оној за најдобар филм. Тој доби три од нив – за најдобра филмска музика, за продукциски дизајн и за најдобар костимограф.
Главниот лик на Црниот пантер беше создаден две години порано, кога исто така го играше Боземан во филмот на Марвел „Капетан Америка: Граѓанска војна“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …