Вилијам, сопругата, се шушка, ја запросил со прстен од починатата мајка, принцезата Диана. Инаку,прстенот со сафир бил всушност споменот на Хари на починатата мајка, а тој му дозволил на братот да го искористи за свршувачка
Prince Harry and Ms. Meghan Markle will appear for a photo call at Kensington Palace later this afternoon. Stay tuned!
— Kensington Palace (@KensingtonRoyal) November 27, 2017
Принцот Хари (33) ја запросил својата девојка Меган Маркле (36), потврдило краското семејство. Свршениот пар денес попладне ќе позира за службени фотографии во Кенсингтонската палата. Венчавката ќе биде на пролет 2018. година.
Братот на Хари, принцот Вилијам, својата сопруга Кејт ја запросил со прстенот на починатата мајка, принцезата Диана. Инаку, прстенот со сафир всушност бил споменот на Хари на починатата мајка, но тој му дозволил на братот да го искористи за свршувачка.
Се шушка дека свршеничкиот прстен на глумицата е изработен од парче накит на Диана, а наводно за неговата изработка биле користени смарагдна огрлица која ја добила од кралицата Елизабета II или комплет скапоцен накит кој како венчан подарок Диана го добила од саудискиот принц.