(ВИДЕО) Браво: Тијана и се спротивставила на Александра Радовиќ и ги замолчала сите во студиото!

Вчерашната емисија „Твоето лице звучи познато“ останала во сенка на кавгата помеѓу Александра Радовиќ (жири) и Тијана Дапчевиќ.
Тијана ја имитирала Тејлор Свифт, а Александра повторно почнала со својот коментар дека Тејлор е просечна, на што Тијана и кажала:
„Не треба да заборавиме дека Тејлор Свифт моментално е најпопуларна пејачка која заработува милиони“.
Александра потоа рекла дека Тијана во својот настап „симнала“ само две сцени од спотот на Тејлор Свифт на што нашата пејачка и одговорил:
„Не две, ги симнавме сите три. Потсетувам уште еднаш дека ова шоу е со хуманитарен крактер и дека ние тука навистина го оставаме ’срцето на теренот’“.
Радовиќ на ова побеснела и одговорила:
„Многу добро сум свесна дека шоуто е со хуманитарен карактер затоа и сум вака ’блага’ во коментарите“.
Тијана на тоа крајно иронично се насмеала и рекла:„Хаха…Да“.
Тијана уште еднаш ги доби сите пофалби од жирито за настапот и покажа дека може да се снајде во било која задача која ја добива од емисија во емисија.
Па така за песната „Look what you make me do“, таа најпрвин се појави како лежи во када, подоцна беше затвореничка во кавез, за на крај да брилира на реквизит во форма на буквата Т кој посакала да го има на својот балкон.
Доколку вчеравечер немавте можност да ја погледнете, тоа можете да го направите од видеото во продолжение:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …