Во среда повторно хуманитарна акција на Театар Комедија

Со собраните средства ќе се помогне во лекувањето на оштетени вид…

Театар Комедија ја продолжува својата општествено одговорна и хуманитарна акција, продажбата од билетите од последната претстава секој месец да ја донира за хуманитарни цели.
Од театарот ве покануваат в среда во 20. часот да ја проследите изведбата на „Мечка“ од А.П.Чехов, при што на нашата сограѓанка М.Ј.со собраните финансиски средства од продадените билети да и помогнеме при успешно лекување на оштетениот вид.
Претставата „Мечка“ од А.П.Чехов е во режија на Димче Николовски, а во која играат Жарко Димоски во улогата на Смирнов, Жаклина Петровска во улогата на Попова и Илија Илиоски во улогата на Лука.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На 11 мај ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од …