(ФОТО) Колин Руни:„Не сум глупава што сакам да успее нешто во што верувам!“

Септемвриските „ѓаволштини“ на Вејн Руни придонесоа неговата бремена сопруга, која го чека нивното четврто дете, едно време да го напушти славниот фудбалер…Но, Колин Руни решила со објава на својот Фејсбук профил да открие што навистина планира со бракот…

Колин Руни е категорична дека сака да го спаси бракот и вина наоѓа во „глупавите грешки“ со алкохолот на сопругот Вејн.
„Знам дека луѓето мислат дека сум глупава што останувам во овој брак, но јас не сум глупава. Сакам да работам на тоа да успее… Дали го сакам – да. Да не беше така, немаше да се трудам. Знам дека сама со децата ќе ми биде супер, но не сакам така да живеам, сакам да се потрудам и да го продолжиме нашиот брак и да живееме како семејство. Не велам дека се’ е супер и се’ е заборавено, но ние сме добро колку што можеме да бидеме во овој период“, објави во долга објава на Фејсбук сопругата на Руни, кој беше уапсен зашто возеше пијан, во друштво на друга жена.
Колин Руни е категорична дека сака да го спаси бракот и вина наоѓа во „глупавите грешки“ со алкохолот на сопругот Вејн, додавајќи дека парите не може да купат среќа.



„Нема да ги набројувам неговите квалитети како личност зашто мислам дека не заслужува сега, но тој е брилијантен татко. Направи глупави и себични грешки, од некои научи нешто, од некои очигледно не. Но, можеби тоа ќе се смени. Во животот, не знаеш што ќе се случи утре“ стои уште во објавата на Колин Руни.
Руни беше уапсен кога полицијата го сопре на 1. септември, додека ја враќал дома со нејзиниот автомобил Лаура Симпсон. На суд било утврдено дека Вејн Руни имал алкохол во крвта речиси трипати над дозволеното, заради што му била изречена казна – две години забрана за возење и 100. часа општокорисна работа. Во изјава по сослушувањето, фудбалерот јавно се извини.
„Сакам јавно да се извинам за мојата непростлива лоша процена поради возење со алкохол над дозволеното. Тоа беше сосема погрешно. Веќе му се извинив на моето семејство, на мојот менаџер и на сите во клубот Евертон. Сега сакам да им се извинам на сите мои обожаватели и на сите останати кои ме следеа и ме поддржуваа во мојата кариера. Секако дека ја прифаќам казната на судот и се надевам дека ќе можам да направам некои промени низ мојата јавна служба“ изјави тогаш Руни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …