(ВИДЕО+ФОТО) Не е Бог, но и понатаму е опасен: После Тор станал командос

Она што гледачите ќе ги привлече во филмот „12 strong“ е дека во главната улога се нашол Крис Хемсфорт, кој ја презел улогата на капетанот Мич Нелсон, водач на првата американска единица во Авганистан.
Бидејќи 2017. година полека, но сигурно ни се приближува кон крајот, така почнуваат да ни се појавуваат и нови форшпани за филмови кои ни доаѓаат во почетокот на наредната година. Еден од филмовите кои доаѓаат многу рано во годината е и филмот „12 strong: The Declassified True Story of the Horse Soldiers“ од студиото на Ворнер Брос.
Станува збор за екранизација на книгата „Horse Soldiers“ на писателот Даг Стентон кој на големите платна одлучил да го пренесе данскиот снимател Николаи Фуглсиг. Во главната улога се нашол „Тор“, т.е. глумецот кој го глуми, Крис Хемсфорт.
Тој ја презел улогата на капетанот Мич Нелсон, водач на првата американска единица во Авганистан, после терористичкиот напад на 11. септември.
Таа единица на непријателскиот терен, морала да го увери генералот на Северната коалиција, Абдул Рашид Достум (Навид Негахбан) да им се придружи во борбата против Талибаните и Ал Каеда. А, за да се совладаат културолошките проблеми и пречки, тимот на специјалци ја прифатил и тактиката на авганистанските единици.


Во продукциска улога се нашол Џери Брукшајмер додека со сценариото се занимавал Тед Тали кој го напишал и одличното сценарио за филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“, додека режисер е горе споменатиот Фуглсиг.
На Хемсфорт во филмот му се придружуваат Мајкл Пена, Треванте Родес, Џеф Стултс, Тад Лукинбил, како и Михел Пенон. Главната женска улога ја има Елса Патаки, а во филмот се појавуваат и Вилијам Фиштнер и Роб Ригле
„12 Strong: The Declassified True Story of the Horse Soldiers“ во кината ќе се појави на 19. јануари 2018. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …