По снежните врнежи на повеќе места кој ги имавме вчера и тоа посебно на североисток и исток доаѓа вистински студ кој дополнително ќе ги спушти температурите на воздухот.
Многу студено ќе биде во среда наутро кога температурите на воздухот насекаде ќе се спуштат под нулата и истите ќе се спуштат во интервалот од -11 до -2 степени додека на планинските места со поголема надморска височина истите ќе се спуштат дури до околу па и под -15 степени. Сето ова е поради разведрувањето кое ќе го имаме ноќта помеѓу вторник и среда.По снегот и јакиот студ од четврток поради силно воздушно струење и моќен циклон ќе има нови интензивни врнежи од дожд проследени со засилен до силен јужен и југоисточен ветер. Поради ова јужно струење снег ќе паѓа само на највисоките планини од над 2000 метри.Денес (вторник) максималните дневни температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од -2 до 8 степени на југоисток известуваат од meteomax.mk.