Додека едни се жалат дека македонската естрада замира, други молчат и си „бркаат работа“. Една од нив е Елена Велевска која воведе некои нови правила меѓу колешките…
Факт е дека познатата Елена Велевска е една од најплатените и најбараните пејачки кај нас и воопшто не е случајно што таа секогаш е дотерана од глава до пети во скапи и брендирани парчиња, а нејзиниот возен парк е вреден околу 100.000 евра, пишува порталот Убавина и здравје.
Таа е вљубеник во марката „Мерцедес“, а пред неколку дена на својот профил на Инстаграм објавила фотка на која позира со еден од најновите модели на овие автомобили, а основната верзија изнесувала повеќе 100.000 евра.
Дали Елена го подновила својот возен парк или пак не, не можеме со сигурност да тврдиме, но да бидеме искрени, добро и прилега едно вакво „мече“.
Па, и ако си го купила(иако автомобилот има туѓи таблички) нека и е со среќа, Елена работи напорно и сигурно решила да се почести…