(ВИДЕО) Јужноафриканка е нова Мис Универс!

Мис Универс е Деми-Леи Нел-Петерс од Јужнофриканска Република. Убавата 22. годишна девојка со диплома од економија е крунисана во Театарот „Аксис“ во склоп на казиното „Планет Холивуд“ во Лас Вегас.
Прва придружничка е Мис Колумбија, Лаура Гонзалес, а втора е Мис на Јамајка, Двине Бенет.


Оваа година извборот бил најброен досега, се натпреварувале 92. девојки, а по првпат биле и претставничките на Камбоџа, Лаос и Непал.
Нел – Петерс со победата обезбедил едногодишна плата, луксузен стан во Њујорк, во тој период, и бројни други награди.Таа е втора Јужнофриканка која ја понела титулата. Круната и ја предала ланската победничка, Французинката Ирис Митиенаер.

На прашањето – што е најголемиот проблем со кој жените се среќаваат на работно место, навела дека тоа е нееднаквата плата.
„На некои места жените се платени 75. отсто од износот кој го добиваат мажите кои ја извршуват истата работа, исти часови во текот на денот. Мислам дека тоа не е во ред“ рекла новата Мис Универс.
Нел-Петерс во својата земја помогнала во развивањето на програмата која ги учи жените на самоодбрана, откако била ограбена од вооружени разбојници.

Let’s welcome #MissUniverse 2017 Demi-Leigh Nel-Peters from South Africa to the sisterhood! 👑

A post shared by Miss Universe (@missuniverse) on

Водител на изборот бил Стиви Харви на чии грешки и погрешно прогласување на победничката на изборот во 2015. година сите сеуште се сеќаваат.Тој самиот синоќа „се зезал“ на своја сметка.
Публиката ја забавувала пејачката Ферги, а во жирито биле Мис Универс од 1988. – Венди Физвилијам, ТВ водителот – Џеј Мануел, репортерката на Фокс – Меган Оливи, блогерката – Леле Понс, Мис Универс од 2015. – Пиа Вуртбаш и Тв лицето – Рос Метјус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …