(ФОТО) Непријатно за Трамп: Авторот на книгата за Белата куќа порачал – „Претседателе, земете ја и прочитајте!“

На обидот на Доналд Трамп по судски пат да ја забрани, за себе, непријатната книга, издавачот го поместил излегувањето дури четири дена порано, а авторот преку Твитер порачал:„Господине претседателе, земете ја и прочитајте“ пренесува агенцијата France Presse.
Адвокатот на американскиот претседател, Чарлс Џ. Хардер, во четвртокот неспешно се обидувал да го забрани излегувањето на книгата „Fire and Fury: Inside the Trump White House“ (’Огин и бес; Внатре во Трамповата Бела куќа’) во која се дава мрачна слика на Белата куќа каде персоналот не ја работи својата работа, туку прави сплетки околу претседателот,а неговите најблиски соработници го исмејуваат поради нестручност и неспособност да управува.
Одговорот на издавачот, кој најверојатно задоволно ги трие рацете поради големиот интерес на јавноста, не доцнел. Излегувањето на книгата е поместено за четири ден порано, па книгата наместо наредниот вторник ќе се појави веќе во петок.

Во таа книга, од која сегменти добиле многу новински агенции, па така и France Presse, Стив Бенон, бивш советник на претседателот и сопственик на крајно десничарскиот информативен портал Breitbart News, го обвинува синот на Трамп, Доналд Трамп помладиот, за предавство, што ги налутило челниците на Белата куќа.
Според одломки од книгата, Банон состанокот на синот на Трамп и главните должносници од кампањата со групата Руси во јуни 2016. го нарекол „предавнички и непатриотски“. Останал вџашен од средбата во Кулата на Трамп во Њујорк на која рускиот адвокат наводно понудол инкриминирачки информации за претседателската кандидатка на демократите Хилари Клинтон, се наведува во книгата.
Мајкл Волф, новинар на Hollywood Reporter, напишал книга на основа на повеќе од 200. разговори со претседателот, неговите најблиски соработници и членови на администрацијата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден пред 23 години се збогувавме од нашиот истакнат актер Јосиф Јосифовски

Јосиф Јосифовски бил роден во Велес на 29 август 1927 година. Актер кој долги години …