(ВИДЕО) Уште една пејачка, поради провокативен спот, зад решетките!

Во Египет е притворена уште една пејачка поради провокативен видео – спот на интернет…
Тужителите вчера дале налог за апсење на Лајла Амер, под обвинение дека го нарушува јавниот ред и мир како и за „поттикнување на развратно однесување“ со триминутниот спот.
Пејачката во песната, за која е снимен спотот, со стомачен танц, со насловот, односно со игра на зборови, асоцира на распространета египетска пцост.
Тужителот рекол дека тој спот придонесува за „уништување на моралот и ширење порок“ а здружението на египетските музичари итно ја исфрлило пејачката од членство бидејќи нејзиниот спот бил „навреда за народот на Египет“.


На две години затвор, кон крајот на минатата година е осудена пејачката Шаима Ахмед – Шима, на основа на слични обвинувања. Казната, после жалбата, и е намалена на една година. Таа во спотот во долна облека „сугестивно“ играла пред група момчиња, лижела јаболко и јадела банана.
Две стомачни танчерки во 2015. година биле осудени на шест месеци затвор поради поттикнување разврат, а казните подоцна им биле преполовени.
Во Египет од септември минатата година десетина луѓе се уапсени бидејќи со знаме во боја на виножито – симболот на ЛГБТ, мавтале на концерт на либанска група чиј пејач е хомосексуалец. Настапите на таа група потоа биле забранети во Египет, чие мнозинско муслиманско општество станува се’ поконзервативно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

“Џез лектира” на Националниот џез оркестар гостува во Велес

По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов “Џез лектира” гостува во …