Времето денес: Пролет среде зима

Петок ќе помине во знакот на суво време.

Наутро по одделни котлини, особено во централниот и источниот регион ќе има услови за појава на ниска облачност. Западниот крај ќе има главно сончево време со мала облачност.
Навечер ќе биде претежно ведро.


Минималната температура насекаде ќе биде негативна и со вредности помеѓу -4°С и 0°С во поголем дел од населените места, додека на повисоките места вредностите ќе бидат помеѓу -6°С и -4°С.
Границите во кои ќе бидат вредностите на максималната ќе бидат помеѓу 6°С и 8°С во северниот и западниот регион, а долж југот на повардарето, односново гевгелиско-дојранскиот крај ќе биде доста потопло, со максимална помеѓу 11°С и 13°С.
Скопската котлина очекува претежно ведро време. Сепак не е исклучена можноста за појава на ниска облачност во текот на претпладнето. Температурата ќе има минимална вредност околу -4°С, а максимална вредност околу 5°С најавуваат од meteopro.mk .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …