(ФОТО) На Твитер траат сексистичките напади на српска лекарка:„Мора да ги исфрли своите гради!“

СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, особено Твитер, изминативе денови беа полни со мизогинија (омраза или одбојност кон жени или девојчиња) и сексистички коментари на штета на професорката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, која секојдневно известува во живо за бројот на луѓе кои се заболени и се борат со коронавирусот во Србија.


Кисиќ Тепчевиќ е епидемиолог и заменик директор на Институтот за јавно здравје „Др. Милан Јовановиќ Батут” и вонреден професор и автор на повеќе од стотина научни трудови. Но, ако ги прашате идиотите од социјалните мрежи, таа е “исфризирана Босанка, со естраден стил на облекување, дотерана и со длабоко деколте”, пишува српски Ало.

На социјалните межи има доста и од оние на кои не им е јасно зошто овие првите се бунат.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …