(ФОТО) Болничарка објавила селфи па „троловите“ ја навредувале: Тешко е да се поверува што им пречи!

Здравствена работничка од Англија открила некои коментари што ги добила откако објавила селфи на Твитер, на кое е нашминкана.а отишло вирално, но не сите реакции биле позитивни. 24-годишната сега признала дека грозен „трол“ ја нападнал за изгледот, додека некои и рекле дека таа е причината поради која се зголемува бројот на смртни случаи од коронавирус.
Во интервјуто за порталотот „Тула“, Лора рекла дека се чувствува лошо и се бори со своето ментално здравје уште од објавувањето на ова селфи. „Некои од одговорите ме навредија и нервираа што луѓето беа толку плитки што ме осудија врз основа на една фотографија“, рекла таа.


И’ додека многумина биле полни со пофалби за нејзината посветеност, други ја прашувале зошто таа толку се шминка за време на смената. Еден одвратен трол, вели Лора, дури и посочил дека таа е „причина што се зголемува бројот на смртни случаи од коронавируси“, а имало и некои кои ја исмејувале.

„Непристојните коментари беа претежно фокусирани на мојот изглед и на фактот дека носав шминка“, открила таа.

“Игнорирајте ги мразителите. Ние сме зад тебе”, “Некои од овие коментари се страшни! Значи, ако сте доктор, не можете да носите шминка? Да, таа е убава, зошто не може да биде? Благодарам за се што правите”, се некои од таквите реакции.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …