Искрени исповеди на лица кои се позитивни на корона во Македонија:„Доколку го добиете, не паничете. Лекот е во здравото тело и ум!!!“

Корона вирусот е наша стварност, како што е во цел свет…За среќа, кај нас, со преземените мерки и граѓанската дисциплина бројот на заразени не „галопира“ како во некои други средини…
Но, како што е општо познато и кај нас има заразени со корона вирусот кои на свој начин го доживуваат тоа.
Ви донесуваме две искрени исповеди објавени на Фејсбук (имињата намерно ги изоставивме иако овие две лица не се криеа) со цел сите да откриеме како се чувствуваат оние кои немаа, засега, среќа да го одбегнат корона вирусот…
Ќе се борам до последен здив и ќе бидам силен пред се за моето семејство!
„Браќа и сестри. Роднини пријатели. Црна се чума зададе. Денес по втор направен тест дознав дека сум позитивен на Корона. Како прво горд сум на моето семејство и се молам прво за нив што побрзо да закрепнат а после се молам за мене и за сите вас чувајте се од ова зло. Почитувајте се помагајте си оваа не бира ни вера ни пол ни нација. Јас. Кои ме знаете од ништо не се плашам сум поминал многу пребрежја. Ќе се борам до последен здив ќе бидам силен пред се за моето семејство. И вашата подршка ќе ни помогне на сите нас. Тестирајте се почитувајте ги правилата. На крај чувајте го ова парче земја. Македонија Вечна.. Се молам сите вас.“


Генерално, добро се чувствува, и не се декларирам како болна!
„Здраво друштво !!! 😊
Во овие карантински денови, кои јас најстрого ги почитувам, ви се јавувам со позитивни вести!!!
Добив совет од луѓе кои многу ги почитувам да не објавувам, затоа што е стигматизирачко, ама јас отсекогаш сум била вон рамката. Мислам, што ќе кажете за мене: „ене ја онаа со короната!“ 🤣🤣🤣 Па, не е сифилис, побогу!
Знаци:
Ковид 19 и дома!!! 🦠🦠🦠 + 😃
Да, во петокот се тестирав и позитивна сум.
Не е јасен моментот кога се заразив, според тоа кога ми се јавија симптомите.Јас сум дома од 12.03. Имам излезено само два пати, на кратко, со маска, ракавици и се по ред.
Моите дома се негативни и ги претестираа уште еднаш. Ги чекаме резултатите.
Имам благи симптоми кои вчера малку ми се влошија вчера. Започна со дијареја, грчеви во стомакот и нагон за повраќање. Продолжи со општа слабост, Температура од 37,4 веќе 7 дена, ама многу, многу кивање, чешање и солзење на очите, а од пред два дена суво кашлање, кое се интензивира во вечерните часови, болки во грлото и гребење во градите. Но, тоа не е многу страшно!
Генерално, добро се чувствува, и не се декларирам како болна, во смисла да паднам психички.
Сезонскиот грип далеку полошо сум го поминувала.
Неколку дена чувствував дека сум се заразила, ама борба беше да дојдам до тест.
Сакам на сите да ви кажам дека сум сигурна дека има многу, мноооогу недијагностицирани а позитивни лица, како и многу заболени асимптоматски случаи. Вирусов воопшто не е страшен за здрави луѓе. Ќе напоменам, разликата со сезонскиот грип е огромна (во смисла на тоа како го погодува здравиот човек).
Сметам дека беспотребно не ставија сите во толкав страв.
Строго почитувајте ги мерките, но ослободете се. И онака 70% од нас ќе го добијат, Нема начин да се заштитиме. Целта на мерките е споро да се шири, за да се хендлаат критичните случаи.
Доколку го добиете, не паничете. Лекот е во здравото тело и ум!!!
Додека сте дома, работете активно на имунитетот и држете си го мозокот преокупиран со други работи кои не се поврзани со моменталнте случувања.
Јас како да знаев, пред две недели си набавив пијано и онлајн учам да свирам 🙂❤️🎼🎵🎶🎹🍀
П.С. Ве молам поштедете ме со непотребни прашања и тези за потеклото на вирусот, тоа е нешто за што јас и јавното здравје сеуште немаме договор. Важно е дека јас имав 5 – минутен контакт само со едно лице во изминативе две недели, а тоа е колегата до работа, кој е веќе под карантин.“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …