Предупредување на лекарите и научниците – Корона вирусот никогаш нема потполно да исчезне: Постојат три можни исходи на пандемијата

Секое лице кое ќе се зарази со корона вирус може да го пренесе на 1,4 до 2,5 лица

Експертите кои го следат развојот и ширењето на пандемијата на коронавирус веруваат дека тоа би можело да стане сезонско заболување или да се искорени од страна на здравствена заштита и пронаоѓање на вакцината.
Според истражувањето на Светската здравствена организација, секој заразен со коронавирус може да го пренесе на 1,4 до 2,5 лица.
Како што продолжува да се шири, научниците веруваат дека инфекцијата со коронавирус веќе прерасна во пандемија. Но, сомнително е дали КОВИД-19 ќе стане ендемичен, трајно присутен во светската популација, како што биле трите видови претходно, или дали напорите на научниците да ја пронајдат вакцината ќе вроди со плод. Затоа, експертите развиле три потенцијални сценарија за тоа што ќе се случи со новиот коронавирус, пренесува Business Insider.
Со оглед на неговото ширење, многу експерти веруваат дека вирусот никогаш нема да се искорени, но ќе стане еден од низата сезонски вируси кои ги напаѓаат луѓето, како што се настинки или грип, предизвикани од други коронавируси. Расте и бројот на случаи на пренесување на болеста без симптоми, а експертите предупредуваат дека градовите ќе станат нови и самоодржливи жаришта на болеста.


Вирусите што се шират кај луѓето генерално не се отпорни на влажност и високи температури, така што КОВИД-19 би можел да се исцрпи уште во летото во северната хемисфера. Но, тоа не значи дека целосно ќе исчезне. Поточно, се очекува дека ќе мутира, така што ќе може побрзо да се размножува или да стане сезонска болест која предизвикува пневмонија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …