Македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски, за чие име се врзани најважните поени во историјата на македонската кошарка на ЕП во Литванија, но и изјавата „Леле луѓе што направивме“,веќе извесно време говори за „проблемите“ во своето семејство…
Минатата година реши да се збогува од својт љубо – кошарката, а сега е посветен на своето семејство, на сопругата и двата сина, кои имаат аутизам. Исто така, тој е почесен амбасадор на Меѓународниот сојуз за цивилно општество и на хуманитарните мисии.
Кошаркарот искрено проговори за она со што се соочува неговото семејство, аутизмот и за двете негови деца. Вели дека борбата со аутизмот е присутна кај нив веќе подолго време, дека дури би можел да напише многу за тоа како неговото семејство се справувало со целата ситуација.
„За аутизмот се вели дека има илјада лица, така што секоја приказна, колку и да е слична на почетокот, се развива поинаку за секого и со разни стадиуми на пречки во развојот“, изјавил Владо Илиевски. Тој вели дека негова силна желба е секој родител да добие шанса да го помине тој пат со помош на средината во која живее, а не да биде оставен сам на себе и да дејствува во границите на своите можности.
„Секој има право да му овозможи на своето дете третман и услови за развој, а со тоа и достоинствен живот. И за крај, секогаш сум бил и ќе бидам на располагање за секој што има потреба од совет или помош во борбата со аутизмот“, вели Илиевски.
извор: убавина и здравје