FAITHLESS DJ SET втори хедлајнери во првиот викенд на „SKOPJE CALLING FESTIVAL“!

ALAN WALKER е ултимативниот хедлајнер во првиот викенд на фестивалот SKOPJE CALLING, на 2. јуни 2018.
„Авалон Продукција“ сепак се погрижи забавата да продолжи и во недела, на 3. јуни, за што успеале да го потврдат и шоуто FAITHLESS DJ SET со SISTER BLISS.
Во изминативе две години, кога FAITHLESS мируваа со настапите во живо, нивниот препознатлив звук низ светот низ многуте светски музички фестивали го шири SISTER BLISS токму со овој проект.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од овој четврток во 09. часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн, по цена од 600. денари ПАРТЕР.
Истиот ден ќе бидат пуштени и блок влезници за ALAN WALKER и SISTER BLISS по цена од 1.300 денари.

„Одиме понатаму“,Авалон Продукција…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …