Џефри Дин Морган, во понеделникот, бил гостин во тв шоуто на Џими Кимел, Monday night, и „се отворил“ околу раѓањето на неговата ќерка Георг.
„Истото го направив и со Гас и одевме на природен начин. Но, имавме и бабица“ рекол Морган и додал. „Мојата сопруга, Хилари Бартон, е чудо на природата, не сака лекови, не сака ништо да и олесни. Јас бев преплашен но таа беше фантастична“.
„Кога се раѓаше Гас не бев подготвен како за Георг. Никој не ми рече ’мораш да го фатиш бебето’. Тоа беше како едно едно чудо. Бабицата излезе надвор и само ми рече да престанам да правам паника. Ја дофатив ’фрлената топка’, бидејќи таа знаеше што умеам од раѓањето на Гас. И, кога дојде моментот ја фатив ќерка ми за нејзините малечки образи и ја извлеков за три секунди“.
Џефри Дин Морган исто така говорел и за соработката со Двејн ‘The Rock’ Џонсон, во неговиот нов филм „Rampage“ и открил дека бил вџашен од тоа што се случило помеѓу нив двајца.Погледнете:

(ВИДЕО) Џефри Дин Морган искрен:„Бев преплашен на раѓањето на моите деца!“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.