(ВИДЕО+ФОТО) За љубители на добри крими серии: „Среќниот Хари“ од вечерва на Сител

Од вечерва, вторник – 03. април, на Сител во 23.30 часот стартува британската тв серија „Среќниот Хари“.
Инаку, серијата – во регионот – премеирно беше емитувана на „Фоџ цриме“, па доколку сте ја пропуштиле Сител ви овозможува да ја проследите.
„Хари е детектив во Лондон, чиј живот се менува по една ноќ преспиена со мистериозната Ив од која што добива бразлетна која има чудна моќ. Таа носи натприродна среќа. Па така, ако дотогаш Хари имал проблем со коцкањето поради што ги изгубил жената, ќерката и парите, сега со новата моќ, тој почнува да си ги прави работите во своја корист. Среќата му помага и во работата, во решавање на тешките убиства кои му се доделени како случаи.

Улогите ги толкуваат Џејмс Несбит, Ева Бест, Сиена Гејлори, Амра Каран, Дарен Бојд…
Досега се снимени две сезони во 20. продолженија, а оваа година е најавена и нова, трета сезона од приказната за среќниот Хари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …