Манекенката која би сакала да работи како физикален терапевт два пати по пистата прошетала во долна облека на „Викторија сикрет“. Освен тоа снимала и за насловни за списанија како што е „Ел“…
Манекенка и Ангел на Викторија, Меги Лејн (21) е уапсена поради поседување наркотици. Како што јавува ТМЗ, манекенката кај себе имала 25. грама марихуана што во Џорџија се сметало за прекршок.
Количеството за сега е спорно, извештаите сеуште не биле прецизни, бидејќи тежината на марихуаната е на граница на онаа за која би можела да добие затворска казна во траење од 10. години. Имено, во Џорџија (САД) дозволено е да се поседува само масло од канабис кое се користи во медицински цели.
Овој инцидент се случил уште на 16. март. Лејн била веднаш приведена, морака да плати казна од 100. долари и бргу била пуштена.
Манекенката која би сакала да работи како физикален терапевт два пати по пистата прошетала во долна облека на „Викторија сикрет“. Освен тоа снимала и за насловни за списанија како што е „Ел“, а работела и во кампања за „Sports Illustrated“.
Меги е во врска со раперот Шејзи (32). Двојката на годинешниот ден на вљубените прославила три години врска.