(ФОТО) Кралско бебе, кралски третман: Еве што се’ има во луксузниот апартман во кој Кејт Мидлтон ќе го роди третото дете!

Терминот за породување на третото дете на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам е сега, во април. Пред болницата е веќе посебно регулирање на сообраќајот, а фанови кампираат за да меѓу првите го видат новото кралско бебе…
Ексклузивниот апартман кој се наоѓа во крилото Линдо на лондонската болница St.Mary’s, е местото на кое принцезата Кејт Мидлтон ќе го роди и’ своето трето дете. Дискреција и приватност се клучните зборови кои ја опишуваат болнуцата што, освен традицијата, е веројатно и причина зошто кралскиот пар повторно се одлучил за неа.
Освен што нуди врвна грижа за мајката и персонализиран пристап и апартманот е уреден со уметнички дела и соби со приватни бањи. Секоја соба е опремена со тв приемник, интернетска врска, телефон и фрижидер. На војвоткта Кејт на располагање и е и приватен готвач кој ќе ги исполни сите нејзини желби и барања.
Секако, кралската грижа доаѓа и со кралски цени. Така цена на приватниот апартман е 10.000 долари, на стандардна соба е 9.000 долари,а секое дополнително ноќевање се наплатува по 1.800 долари.
Во крилото Линдо војвотката Кејт ги родила и’ денес четиригодишниот принц Џорџ и две годишната принцеза Шарлот.
Терминот за породување со третото дете е во април, а пред болницата веќе има посебно регулирање на сообраќајот, а бројни фанови веќе неколку дена кампираат за да меѓу првите го видат новото кралско бебе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …