Македонски народни, подзаборавени песни,наскоро ќе ја здогледаат „светлината на денот“

Борис и Билјана Димови заедно со група „Астрион“, снимија видео проект. На нивниот репертоар има неколку познати хитови и подзаборавени македонски песни, но и две нивни авторски.
Нивната цел како што велат е да ги оживеат малку подзаборавените македонски песни.
„Заедно со оркестарот одбравме песни кои не се многу пеени или популарни. Целта ни е да ги разбудиме овие песни кои се малку оставени настрана и затоа решивме да направиме десетина во наш аранжман, ги отпеавме и отсвиривме во живо и мислам дека гледачите ќе бидат задоволни“,вели Борис Димов.
Димови се надеваат дека јавноста ќе ужива во овие песни и дека проектот ќе биде одлично прифатен од гледачите.
„Очекуваме многу. Мислам дека тие песни ќе избијат малку погоре од тоа што биле досега. На пример една песна ’Чифте пајтон’ од Гоце Арнаудов, таа песна беше заборавена, неговата песна ’Злато си ми ти’ изведена на ’Цветници’, прекрасна, а заборавена. И ете така решивме со Билјана да направиме и дуети. Па што ќе биде ќе видиме, самите гледачи ќе одлучат дали вреди или не“,додаде тој во интервју за ИН ТВ.
Инаку, проектот се снимаше во соработка со ИН Продукција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …