(ФОТО) Амал Клуни ја отворила вратата на својот раскошен дом!

Амал Клуни, убавата адвокатка за човекови права на која и успеало да го освои срцето на неосвоивиот Џорџ Клуни со кого ги има близнаците Александер и Ела, ја краси насловната на новиот број на американското издание на магазинот „Вог“ во фустан со потпис на пославениот Александер
МекКвин.
Секогаш беспрекорно дотерана, лондонската адвокатка со либански корени првпат ја отворила вратата на својот идиличен дом во Сонинг, во малечкото место во англиски Беркшир, каде живее со својот сопруг и децата.


Маркантната адвокатка навистина има неверојатен животопис: славна хуманитарка е, високо позицирана адвокатка, мајка на близнаци, модна икона и сопруга на холивудската легенда Џорџ Клуни.
Домот на Џорџ и Амал Клуни изгледа величествено, а парот чува безброј детали како слики од Ајнштајн, кучето на Џорџ кој повеќе не е жив, нивната слика од венчавката или фигура од глава на жирафа, што проценителите на недвижнини при посета на нивниот дом воопшто не ги
импресионирало.
„Рекоа дека нема никаква вредност“ низ смеа рекла Амал.
Двојката во својот англиски дом живее од 2014. година, а им послужил и како место каде избегале на медениот месец и каде ги воспитуваат близнаците.
„Настојуваме да ја подигнеме сигурноста на нашиот дом на сите начини“ открила Амал.
Интересно е дека сосед на Клуниеви е британската премиерка Тереса Меј и нејзиниот сопруг.

За „Вог“ открила и нешто за својата љубов кон модата,за животот пред мажењето за Џорџ и за тоа како нивните животи се промениле по доаѓањето на близнаците.

😍😍😍😍 #amalclooney #georgeclooney

A post shared by I Love George Clooney ❤️❤️❤️ (@george_clooney_fanpage) on

Убавата Амал за „Вог“ ја фотографирала прославената Ени Лебовиц, а досега невидените фотографии ја прикажуваат атрактивнта сопруга на Џорџ Клуни како се одмора „кул“ облечена во кожни панталони и комотен џемпер или додека концентрирано ги проучува своите документи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …