(ФОТО) Кралицата донела неочекувана одлука за Хари и Вилијам на погребот на принцот Филип

КРАЛИЦА Елизабета одлучила дека на погребот на принцот Филип нејзините внуци Хари и Вилијам нема да одат едн покрај друг.
На последното збогување со нивниот дедо, кое ќе се случи оваа сабота со почеток во 15. часот во капелата Сент Џорџ во Виндзор, нивниот братучед Питер Филипс ќе застане меѓу нив. Питер е најстариот внук на кралицата Елизабета и принцот Филип, син на принцезата Ана. Принцовите нема да седат заедно ниту во капелата, туку Вилијам ќе влезе прв.
Оваа необична одлука, многумина, според „Daily Mail“, се толкува како пропуштена можност да се покаже како семејството било обединето во моментот на трагедијата, додека други сметале дека принцовите самите сакаат да ги разделат.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Dailyaddaa (@dailyaddaa)


„Ова е погреб и не сакаме да се претвори во дополнителна драма. Одлуката е донесена и ги одразува желбите на нејзиното височество”, рекол портпаролот на Бакингемската палата.
Кралскиот биограф Уго Викерс верува дека Филипс е намерно избран да застане меѓу браќата со цел да им помогне повторно да се зближат.
„Питер Филипс одлично се снајде со принцовите по смртта на Дијана, па мислам дека и сега би можел добро да се покаже“, рекол тој.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Болеро“, „Котел“ и „Квартет“ вечерва на Танц Фест Скопје 2024

Во рамките на јубилејното 20-то издание на Танц Фест Скопје 2024, вечерва во Младинскиот Културен …