Популарниот женски состав, The Frajle, составен од четири девојки од Нови Сад, отсега ќе продолжи да соработува како трио. Тие ја потврдија веста на социјалните мрежи и открија дека Марија Мирковиќ решила да тргне по друг пат, како соло изведувач.
„Почитувани, по 12. прекрасни години, влегуваме во нови утра како трио! Марија, ти посакуваме многу среќа и ќе се видиме наскоро на концертите. Јелена, Наташа и Невена”, напишале тие и објавиле проштално видео.
View this post on Instagram
„Можеби звучи чудно, но нема расправии или скандали, ние се разделуваме во мир и за љубовта да преживее, тоа е најдобрата одлука за сите нас“, рекла Марија.
Фановите не ја криеле тагата поради нивната одлука.
„Многу ќе ми недостасува Марија. Многу ми е жал”, напишал еден коментатор.
„Среќно за тебе, но морам да кажам дека ме растажи веста“, се согласил друг.
Отсега Наташа Михајловиќ и сестрите Јелена и Невена Бужа ќе настапуваат под името „Фрајле“.
Фото: Принтскрин/Instagram