(ФОТО) Ќе снима додека е жив и нема да се ожени!

Некогашното срамежливо момче од Бронкс, кој се прославил со улогата на Дон Корлеоне во филмот „Кум“, го одбележал 79. роденден не менувајќи ги животните принципи. Ќе снима додека е жив и никогаш нема да се ожени.
Оваа година ќе биде во знакот на Ал Пачино. Неуморната холивудска ѕвезда која на 25. април наполнила 79. години, снима како да е на почетокот на кариерата. Во Њујорк оживува лик на ловец на нацисти во текот на седумдесеттите во серијата „The Hunt”, во јули го очекува премиерата на новиот филм на Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“, а на есен премиерата на „Ирец“ на Мартин Скорцезе, во кој партнер му е повторно Роберт Де Ниро.


Пачино е повторно задоволен со улогите кои му се нудат и среќен е во животот. На таа среќа холивудскиот бард, кој никогаш не го изговорил судбоносното „да“, најмногу придонесуваат и трите деца: ќерката Џули (29) која ја добил со учителката по глума Џен Тарант, а 18. годишните близнаци Антон и Оливија со бившата девојка Беверли Д’Анѓело.



Заводникот висок 170. антиметри, покрај кого шетале глумици како Даен Китон, Кетлин Квинлан и Пенелопе Ен Милер, режисерката Линдал Хобс и манекенката Верушка фон Лендорф, е вљубен во Мејтал Дохан, која од него е помлада 39. години.


Врската со американско-израелската глумица и пејачка му одговара и му се допаѓа, бидејќи со неа во јавност разменува нежности што ретко го правел во текот на кариерата долга повеќе од половина век.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …