(ФОТО) Глумец од „Моќните ренџери“ починал на 38. години

Глумецот Пуа Магасива, најпознат по својата улога во „Моќните ренџери“(Power Rangers) и ѕвезда на тв серијата „Shortland Street” починал на 38. години, потврдила неговата продуцентска куќа.
Магасива го играл Шејн Кларк во 11. телевизиско продолжување на популарната франшиза за суперхерои.
Полицијата коај била повикана на адреса во Велингтон утрово го пронашла телото на популарниот глумец, пишува CNN. Причините за смртта сеуште не се познати.


Пуа Магасива глумел и медицински техничар во серијата „Shortland Street“.
„Сите сме апсолутно емотивно уништени поради трагичните вести во врска со Пуа Магасива. Пуа многу години беше наш сакан член, а во нашите срца и мисли моментално е неговото семејство“, напишала неговата продуцентска куќа на социјалните мрежи.
Неговиот колега од „Моќните ренџери“, Џејсон Чан напишал на Фејсбук дека е многу тажно да се слушне дека еден од Моќните ренџери засекогаш ги напуштил.
„Пуа на сите ќе ни недостасува. Секогаш беше полн со енергија. секогаш се смееше и ги насмејуваше другите околу себе“, напишал Чан.

Магасива зад себе ја оставил сопругата и две деца..

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на сликовницата „Другарко“

Во дворот на Градската Библиотека “Браќа Миладиновци” во Скопје, денес, со почеток во 17:00 часот, …