Среќен роденден Меган!
Четириесеттиот роденден на Меган Маркл, кој привлече големо внимание поради фактот што таа и принцот Хари не се во најдобри односи со кралското семејство по серијата скандали, само што стана уште поинтересен.
Покрај многуте шпекулации за тоа дали, како што налага обичајот, кралицата Елизабета, војводата и војвотката од Кембриџ и принцот Чарлс и Камила ќе го честитаат роденденот на член на кралското семејство, што Меган се’ уште е (таа се’ уште ја користи титулата војвотка од Сасекс), сепак се случи.
Честитки од кралското семејство
Како што добар познавач на состојбите на дворот веќе коментираше по повод роденденот на Меган, ова беше очекувано од кралското семејство, во кое сите погледи беа вперени утрово.
Со ова, тие испратија порака дека не сакаат понатамошни раздори и конфликти и ја исполниле својата кралска должност со стил.
Пристигнаа честитки од сите три официјални кралски профили со соодветни фотографии на Меган.
Кејт и Вилијам закачија и балонче покрај пораката: „И посакуваме среќен роденден на војвотката од Сасекс!“
Wishing a happy 40th birthday to The Duchess of Sussex! 🎂 pic.twitter.com/qekFyLPmiD
— The Duke and Duchess of Cambridge (@KensingtonRoyal) August 4, 2021
Истото го направија и на профилот на целото кралско семејство и на профилот на Чарлс и Камила.
Честитката од главниот профил има дури и колаж од фотографии со Меган, а во централното место е онаа со кралицата Елизабета.
🎈 Wishing The Duchess of Sussex a very Happy Birthday today! pic.twitter.com/xvrRH4sEwX
— The Royal Family (@RoyalFamily) August 4, 2021
Wishing The Duchess of Sussex a very happy 40th birthday. 🎈 pic.twitter.com/dCncyhMLrQ
— The Prince of Wales and The Duchess of Cornwall (@ClarenceHouse) August 4, 2021
Коментарите веќе се вжештија, бидејќи фановите на кралското семејство не веруваат дека честитките се искрени.
„Ова е таква фарса, нели после се што направи“.
„Го направија она што се очекуваше од нив, ништо повеќе“.
„Кого се обидуваат да измамат!”
„Уште еднаш, Вилијам и Кетрин докажаа дека се класа. Тие со право ја имаат најголемата доблест на кралското семејството”.
Ова се само дел од коментарите кои се сомничави за односот што кралското семејство го има со Меган и Хари.
Што мислите, дали честитките се искрени?
Фото: Принтскрин/Instagram