(ВИДЕО) Работници на градилиште во Србија вежбале аплауз пред доаѓањето на Вучиќ – видеото е ХИТ!

На социјалните мрежи кружи видео од градилиштето на Клиничкиот центар во Србија, каде работниците имаат генерална проба пред доаѓањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и нивниот министер за здравство, Златибор Лончар.
Видеото покажува како надзорникот го подига ентузијазмот на присутните работници и им кажува дека Клиничкиот центар што го градат ќе биде еден од петте најголеми во светот. Тој зборува еуфорично за напредокот на Србија откако Вучиќ стана претседател.
Тогаш надзорникот и работниците практикуваа силен аплауз пред доаѓањето на Вучиќ и Лончар.
„Прво ќе почнам да ракоплескам, а потоа следете ме. Ајде да видиме како ќе изгледа”, се вели во видеото, по што следи долг и силен аплауз.


Видеото објавено на Твитер за помалку од еден ден собра повеќе од две илјади лајкови и над 300 коментари.
„Час по политичко образование и практикување аплауз на градилиштето на Клиничкиот центар пред доаѓањето на Вучиќ и Лончар“, стои во описот на објавата.
Луѓето не престануваат да се смеат на ова видео.
„Не сум среќен, може и подобро“, „На следниот прием, нека клекнат и молат“, „Не знам дали да плачам или да се смеам“, „Тука не се знае кој е поголем будала“, „Спонтаност пред се“, се само некои од коментарите.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …