(ВИДЕО) Новинар во живо известувал од езеро – вниманието на гледачите го привлекол призорот во позадина

За време на пренос во живо, камерата случајно го снимила моментот кога камионот, кој се обидувал да го смести чамецот во водата, се лизнал во езерото и потонал.
Новинарот на WCIS, Јакоб Емерсон, бил на местото на настанот и известувал за предложениот проект за изградба на друго вештачко езеро во областа, кога бел камион се упатил наназад кон езерото.


Возачот излегол од возилото за да го ослободи чамецот во моментот на несреќата, а на камионот му требало само 25. секунди да заврши во езерото.
Според градскиот оддел за вода, светлина и енергија, секоја година се пријавуваат еден до три слични инциденти на езерото.
Градоначалникот на Спрингфилд, Џим Лангфелдер, рекол дека градот ќе го испита случајот за да утврди што точно се случило и дали се потребни промени во уредувањето на пристаништето.

Фото: Принтскрин/YouTube/WCIS


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …