(ФОТО) СООПШТЕНИЕ: Концертите на Данијела Мартиновиќ и „Ван Гог“ одложени за наесен и префрлени во Скопје!

Викендот што измина беше „пренатрупана журка“ на која не се знаеше кој каде пее и свири, а љубитлеите на концерти беа на мака каде да одат бидејќи многу настани се покопуваа. По тој повод „Аваланон продукција“ се огласи со СООПШТЕНИЕ!
„Почитувани пријатели,
Концертната сезона 2021 ќе биде запаметена по нереално многу случувања во само две недели, што придонесува одредени промени да се случуваат во од.
Па така, Авалон Продукција (во договор со менаџментот на изведувачите) одлучи следните проекти, концертите на Данијела Мартиновиќ и Ван Гог во Охрид и во Битола наместо овој викенд, да ги префрли во Скопје, за доцна есен.


Причината за оваа одлука е неверојатната хиперпродукција на концерти во Охрид и во Битола од една страна (досега незапамтена, дури и по неколку во исти денови) и апсолутно немање на никакви концертни настани во главниот град.
Се гледаме наскоро во Скопје!
Важно: Сите што имаат набавено влезници за концертите, ќе можат да направат поврат на средствата од продажното место од каде што ги набавиле истите. Оние што имаат купено онлајн влезници ќе може да добијат поврат на средства со претходно барање на info@karti.com.mk.
Останатите што имаат купено влезници од официјалните продажни места на Авалон (од Плоштадот во Охрид и од Широк Сокак во Битола), потребно е да испратат барање за поврат на средства на info@avalon.mk
Авалон Продукција“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …