(ФОТО) Јапонска принцеза се откажува од титулата за да се омажи за обичен човек – ќе одбие надоместок од 1,3 милиони долари

Јапонската принцеза Мако, внука на царот Нарухито, планира да се омажи за своето долгогодишно момче Кеи Комура до крајот на оваа година и планира да одбие исплата од 1,3 милиони долари од јапонската влада, пишува The Times.


View this post on Instagram

A post shared by Royal World Thailand 🇹🇭 (@royalworldthailand)


Јапонската влада традиционално им плаќа на жените кои го губат својот кралски статус кога ќе се венчаат. Принцезата Мако ќе се откаже од кралските титули за да се омажи за Комура, бидејќи законот во Јапонија бара принцезата да го напушти царското семејство откако ќе се омажи за обичен грашанин од народот.


The Timesисто така пишува дека принцезата планира да се пресели во Соединетите држави, каде нејзиниот иден сопруг има намера да работи во адвокатска фирма во Њујорк.
Двојката се запознала за време на студиска забава во ресторан во Токио. И двајцата во тоа време биле студенти на Меѓународниот христијански универзитет во Токио.

„Прво ме привлече неговата светла насмевка“, рекла Мако во една прилика. Тие се верија во 2013. година, по неколкугодишна врска на далечина. Имено, Мако помина извесно време на студии во Велика Британија.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …