(ВИДЕО) Снимката од поплавениот Њујорк стана вирална, луѓето не веруваат што прави овој човек…

Вонредна состојба е прогласена и во Њујорк поради силниот дожд и поројните поплави, и додека властите ги молат луѓето да не ги напуштаат своите домови, а многумина мораа да бидат спасени од поројот, некои ја искористија бурата за забава.
На Твитер се појави снимка од њујорчанец како лежи на душек и пуши наргиле. „Кога животот ви дава лимони, правите лимонада“, се пошегувале твитерџиите кога се појавила снимката. Наводно, необичната сцена е снимена во Бронкс.


Забрана за патување, суспендирани градските подземни линии …
Инаку, во Њујорк е во сила забрана за патување, возила што не се вонредни не смеат да бидат на пат, речиси сите градски линии на метрото се запрени.
Според Си-Ен-Ен, тоа се остатоците од ураганот Ида, поради што спасувачите имаат полни раце работа во градот.
„Вечерва сме сведоци на историско невреме со рекорден дожд, брутални поплави и опасни услови на патиштата“, напишал градоначалникот на Њујорк, Бил Де Бласио, на Твитер.
“Ни претстојат неколку тешки часови. Никогаш не сум видел толку многу дожд да паѓа за толку кратко време”, додал тој.
Градоначалникот на Њујорк ги повикал луѓето да не излегуваат.
„Ве молиме, останете надвор од улиците вечерва и оставете ги нашите служби за итни случаи да ја завршат својата работа. Ако размислувате да излезете, немојте. Останете подалеку од метрото. Тргнете се од патиштата. Не возете во ова лошо време”.
Останете дома“, напишал тој на Твитер.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …