Една од најзгодните жени во светот и поранешна свршеница на актерот Бредли Купер, која има ќерка со него, со својот изглед уште еднаш го украла шоуто…
За манекенката Ирина Шајк дефинитивно може да се каже дека е една од жените на кои што навистина се им стои добро, но кога посебно ќе се дотера таа навистина го одзема здивот.
Токму тоа го сторила со нејзината последна облека во која главниот збор го води тесниот припиен црн фустан кој го открил фактот дека носи „пуш-ап“ градник.Освен истакнатото деколте, дополнителна доза на заведување му дава ризичниот прорез кој оди скоро до колковите.
Како и обично, Ирина не претерувала со модни додатоци, а од чевлите избрала класични црни салони со кои е невозможно да се згреши.
За само неколку часа, убавата манекенка собрала над сто илјади лајкови, а нејзините придружници и рекле дека „нема поубава жена во вселената од неа“.