СЦ „Борис Трајковски“ со пристапни објекти за децата со аутистичен спектар на нарушување

Асоцијацијата за правата на децата и младинци со посебни потреби „Ластовица Скопје“, во соработка со ПОУ „Златан Сремец“ го започна проектот „Инклузивен град- пристапни објекти за младите со аутистичен спектар на нарушување под покровителство на градот Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“.


Преку визуелна поддршка на овие лица во објектите, идејата е создавање на инклузивен град кој првенствено реагира на потребите на едни од најранливите граѓани, кои се соочуваат со низа бариери додека ги користат јавните места, услуги и информации. Целта на овој проект е создавање на чувство на еднаквост преку достапни услуги и пристапни објекти за лицата со аутистичен спектар на нарушување на територија на град Скопје.


Во рамки на оваа акција, СЦ „Борис Трајковски“ се опреми со визуелни материјали изработени за потребите на оваа категорија на лица, а и сите посетители кои ќе имаат потреба од ваков вид на поддршка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse …