(ФОТО Галерија) ГЛАМУР НА ПРВАТА СМОТРА НА ФИЛМ ОД ПАНДЕМИЈАТА: Најубавите жени прошетале ПО ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ во Венеција!

На отворањето на фестивалот присуствувале бројни европски и светски убавици од светот на филмот и модата кои прошетаа по црвениот тепих.


Дамите прошетаа по црвениот тепих во елегантни и воопшто не вулгарни тоалети, како што доликува на еден од најпрестижните настани!



“Се чувствуваме одговорни што сме први. Знаеме дека Фестивалот во Венеција ќе биде еден вид тест за сите”, рекол директорот на фестивалот Алберто Барбера.
Тој додал дека организаторите работеле напорно за да ја осигурат безбедноста на сите присутни.
„И ако функционира како што се надеваме, секој може да научи од нашето искуство“, рекол тој.


Австралиската актерка Кејт Бланшет, која е претседател на жирито оваа година, рекла дека сака да покаже поддршка за режисерите, кои морале да ги завршат своите филмови во предизвикувачки околности.
“Одлично е што толку многу директори на фестивали од целиот свет дојдоа да ја поддржат Венеција и сфатија дека таа всушност поддржува различни аспекти на истата индустрија. Мислам дека тоа е многу колегијално, на начин што можеби не беше случај порано”, рекла Бланшет.
Бланшет и Барбера укажаа на зголемувањето на бројот на платформи за стриминг за време на рестриктивните мерки на вирусот корона и на негативните последици што ова може да ги има врз киносалите.


Оваа година 18. филмови се натпреваруваат за „Златен лав“ за најдобар филм, помалку од вообичаеното.
На првиот фестивалски ден беа прикажани романтичната италијанска драма „Вратоврски“ и грчката драма „Јаболка“.
Главната награда ќе биде врачена на затворањето на фестивалот на 12. септември.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …