(ВИДЕО) „Меланија ми зари нож во грб!“

Мемоарите на поранешната соработничка на првата дама на САД, Меланија Трамп, открија скокотливи детали за Белата куќа пред изборите на кои нејзиниот сопруг Доналд Трамп ќе побара нов мандат на чело на Америка
Во книгата „Меланија и јас“, Стефани Винстон Волкоф тврди дека за време на нејзиното поранешно пријателство со Меланија, била сведок на „измами“ и „залажувања“.


Белата куќа книгата ја нарече „бизарно изобличување на вистината“.
Винстон Волкоф со години работи во списанието Вог, организирајќи социјални настани за нив, а во својата книга ги опишува тензиите меѓу госпоѓа Трамп и нејзината поќерка Иванка, која Меланија наводно честопати ја нарекувала „принцеза“.


Во книгата пишува дека Меланија, е обожавателка на емотикони, еднаш на авторката и испратила СМС-порака во која ги прикажува Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер како змии, пренесува Би-Би-Си.
Винстон Волкоф изјавила дека нејзиното 15-годишно пријателство со Словенката завршило пред две години откако првата дама ја „предала“ затоа што не сакала јавно да ја брани од обвинувања за финансиска измама за време на организацијата на инаугурацијата на Трамп.
Таа напишала како почувствувала дека „добила нож во грбот“ од личност која во меѓувреме значително се променила.


Портпаролката на првата дама одговорила дека „книгата не е само полна со недоверба и параноја, туку се базира и на некоја замислена потреба за одмазда“.
„За жал, таа е длабоко несигурна жена чија потреба да биде релевантна не одговара на логиката“, вели таа.
Винстон Волкоф, исто така, дава детали за приватниот живот на првиот пар, како и за инцидентот кога Меланија слушнала снимка од Access Hollywood во која нејзиниот сопруг се фали дека „ги фаќа жените за меѓуножјето затоа што е познат“.
„Таа беше озарена и насмеана. Како ништо да не се случило“, пишува авторката.
„Таа знаеше со кого се омажи. Таа знаеше во што влегува, а и тој исто така“, заклучува Винстон Волфоф.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …