(ФОТО Галерија) ГЛАМУР НА ПРВАТА СМОТРА НА ФИЛМ ОД ПАНДЕМИЈАТА: Најубавите жени прошетале ПО ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ во Венеција!

Филмскиот фестивал во Венеција, кој започна вчера, е биде првиот голем филмски настан од почетокот на пандемијата, а организаторите најавија мерки што сите учесници ќе мора да ги почитуваат.
Популарната Мостра, која традиционално започнува со пристигнување на филмски sвезди со брод до Лидо, фотографии на црвениот тепих во записите на голем број обожаватели и медиуми и завршува со бакнежи зад трофејот „Златен лав“, ќе мора да се прилагоди на новите услови наметнати од Ковид-19.


Вака изгледа првата проекција на годинашнава Венеција
Да беше нормална година, Џорџ Клуни, Бред Пит, Скарлет Јохансен, Лејди Гага и многу други ќе го окупираа „Лидо“, ќе позираа пред мноштвото камери, ќе споделуваа автограми со обожавателите, но 2020 година носи нови правила.


Ќе има помалку фотографи и воопшто нема да има фанови, а многу актери, редовни гости во претходните години, ќе бидат отсутни овој пат, со што Филмскиот фестивал во Венеција како еден од најважните филмски фестивали овојпат ќе биде повеќе европски собир на филмаџии, пишува АП и забележува дека тоа е дури „успех во овие услови“.



Според упатствата на организаторите, публиката годинава нема да биде на крајот од црвениот тепих, а сите заинтересирани за гледање филмови мора да купат и да резервираат билети преку Интернет, земајќи го предвид просторот за едно место.
На девет влеза околу Лидо, температурата ќе се мери кај публиката и претставниците на медиумите, додека филмските sвезди ќе дојдат на црвениот тепих како порано, но тој ќе биде регулиран за да не се создаде толпа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …