(ФОТО) „ЏЕТСЕТ ЛЕБЕД“ ЗА КОЈ ЗБОРУВА СВЕТОТ: Бугарската принцеза оди на гламурозни забави, а семејните врски и донеле слава

За време на студиите, таа го запознала нејзиниот сегашен партнер, Марк Абуслејман, британски член на џет-сетот, роден во Либан, кој дипломирал на Харвард. Двојката неодамна се верила, а датумот на венчавката се уште е непознат за јавноста.

Иако не сака јавно да ја споделува својата приватност, Мафалда неодамна изјавила дека планирањето на свадбата засега оди според планот и едвај чекаат да го кажат судбоносното „да“. Многумина очекуваат раскошна венчавка со голем број гости, но парот се одлучил за интимна церемонија со многу тесен круг на луѓе.
Меѓу присутните може да бидат и гламурозната пријателка на Мафалда, принцезата Олимпија од Грција и принцезата Алексија од Грција и Данска, на чија свадба Мафалда била деверуша.


This image has an empty alt attribute; its file name is bugarska-princeza-3-682x1024.jpg

Благодарение на семејните врски, Мафалда била поканета да настапи на ревијата на Валентино во Атина во 2016. година, а оваа година настапила и на модната недела во Њујорк.


Мафалда моментално живее во Њујорк, а добро познато списание ја прогласил за една од новите главни девојки во градот. Таа дури го добила и епитетот „принцеза лебед на џет-сетот“.
Таа е позната по својот беспрекорен моден стил, а заштитен знак и се претежно едноставни, но прескапи дизајнерски парчиња кои ги комбинира со необични чевли, кои ја разбиваат секоја комбинација.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 12-ти до 14-ти декември по 9-ти пат ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „ Winter Apricots“

Во Прилеп, од 12-ти до 14-ти декември ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“. …