(ФОТО) „ЏЕТСЕТ ЛЕБЕД“ ЗА КОЈ ЗБОРУВА СВЕТОТ: Бугарската принцеза оди на гламурозни забави, а семејните врски и донеле слава

Бугарската принцеза Мафалда ја нарекуваат и „принцеза лебед на џет-сетот“, а таа се пробила благодарение на семејните врски…
Бугарската принцеза Мафалда (28) е доказ дека титулите носат со себе бројни привилегии, но и „билет“ за влез во кремот на општеството.
Мафлада е ќерка на Кирил, принцот од Преслав, и внука на последниот цар на Бугарија, Симеон II, познат и како Симеон Саксобургски, кој извесно време ја извршувал и функцијата премиер.
Нејзиното семејство било многу блиско со покојната принцеза Дијана, за што сведочат нивните бројни собири на скапи јахти на познати личности во текот на 1990-тите.

This image has an empty alt attribute; its file name is bugarska-princeza-1-701x1024.jpg


Нејзините родители се развеле во 2009. година, а нејзината мајка Росарио Надал била една од музите на Валентино, а сега работи како уметнички директор и колумнист.
Сето ова било доволно за младата Мафалда да ја отвори вратата на светскиот џет-сет, во кој си го најде своето место. Иако е родена и израсната во Лондон, за време на студиите заминала во Америка, каде што живее и денес.

View this post on Instagram

A post shared by Royal Family of Bulgaria (@royalfamilyofbulgaria)


Таа била голем љубител на музиката уште од мала, па не е изненадување што се запишала на музичкиот колеџ Беркли во Бостон, а во 2015. година го издала својот прв сингл наречен „Don’t Let Go“, додека сè уште била студент.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …