(ФОТО) Џенифер Лопез со секое селфи изгледа се’ помладо и помладо

ПЕЈАЧКАТА и актерка Џенифер Лопез е на одмор во Италија со дечкото Алекс Родригез. Џенифер веќе ни почести со неколку фотографии од нивниот одмор, а што се однесува до фотографиите, нејзината хит боја е бела. На последните неколку фотографии, Џенифер секогаш е облечена во бела облека, а во тоа ја следел и момчето Алекс.
Но, она што ни се допадна на ова селфи е шминката која е сведена на минимум и оние големи обетки кои го поткренале едноставниот изглед. Се чини дека Џенифер нашла идеален летен изглед, бидејќи нејзината коса е подигната, шминкањето е сведено на минимум, а накитот е едноставен, но ефективен.


Џенифер често објавува на социјалните мрежи, покрај тоа се бави со танцување, посветена е на тренинзи и нега на кожата, за што честопати зборуваше во интервјуата.
Без разлика дали тоа е одмор кој е многу пријатен за неа или строг режим на тренинг,мора да забележиме дека од селфи до селфи изгледа се’ помладо и помладо.

Ti Amo Italia!!!! 🇮🇹 #summertimefun #bestlunchever #LoScoglio #desperatelyseekingItalia 💋💋💋


A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес (петок) обилни врнежи од дожд, силен јужен ветер и локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на веќе споменатата циклонска активност која е со …