(ФОТО) Девојче (14) се убило а родителите на нејзиниот профил нашле морничави работи: После нејзината трагична смрт на тинејџерката Инстаграм ги менува правилата!

Откако таткото на 14. годишно девојче кое извршило самоубиство ги изнел обвинувањата
против Инстаграм наведувајќи дека сносат дел од одговорноста за нејзината смрт, официјалните лица на таа социјална мрежа ветиле дека ќе внесат поригорозна контрола и забрана на објавување на било какви слики кои укажуваат на самоповредување.

Најавени се низа промени на правилникот кои вклучуваат забрана на објава кои
прикажуваат било каков облик наасамоповредување но и отстранување на се што повикува на
тоа, па и пребарувањето и таговите со исклучок на поедини содржини кои можеби укажуваат
дека некој е во опасност. Од друга страна, сликите од рани кои заздравуваат ќе бидат
дозволени.


Министерот за здравје на Велика Британија, Мет Хенкок, пред неколку дена го повикал на
разговор Адам Мосери, главниот човек на Инстаграм. Хенкок и порано свртувал внимание на
тоа дека социјалните мрежи би требало да „направат повеќе“ по повод обликувањето на
влијанието кои ги имаат на животите и менталното здравје на тинејџерите.
„Ништо не ми е поважно од безбедноста на лицата кои го користат Инстаграм. Не стасавме
до нивоата на кои сакаме да бидеме кога се во прашање самоповредувањата и самоубиство и
мораме да направиме уште многу нешта за најранливите членови на нашето општество. На
мене е одговорноста тоа да го издејствувам. Ќе се подобриме и посветени сме на
пронаоѓање и отстранување на такви содржини, а ќе соработуваме со стручњаци за да
пронајдеме начини за давање поддршка на луѓето кога им е најпотребно“, рекол Мосери.
Инаку, одлуката е донесена откако Илјан Расел, татко на 14. годишната Моли, изнел
обвинувања дека таа социјална мрежа придонела неговата ќерка да крене рака на себе.
имено, Моли починала во 2017. година со само 14. години, а после смртта семејството на
нејзиниот профил на Инстаграм пронашла содржини поврзани со депресија и самоубиство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …