(ФОТО) БРИТАНСКАТА ЈАВНОСТ НА НОЗЕ: Дали првата официјална средба на скараните браќа, Меган и Хари вешто ќе ја одбегнат?


Како се’ ќе изгледа оваа година, убедени сме дека сè ќе се набљудува и изучува под лупа.
Двете најпознати британски семејства – Сасекс и Кембриџ – последен официјално се сретнаа во јули годинава кога се случи крштевањето на малечкиот Арчи.

И покрај тоа што воздухот веќе беше напнат, како што можеше да се види од „киселите насмевки“ на фотографиите, тој беше дополнително комплициран по документарниот филм, во кој принцот Хари рече:
“Неизбежно е да доживеете судир кога сте дел од оваа улога, ова семејство и кога сте под јавен притисок. Но, ние сме браќа и секогаш ќе бидеме. Во моментов, секој од нас има поинаков пат, но јас секогаш ќе бидам таму за него, како што знам дека тој ќе биде за мене“, рекол војводата од Сасекс.

Бакингемската палата, од друга страна, сака семејството да биде заедно за оваа пригода, се’ со цел, барем за јавност да се измазни целата приказна и да се смират страстите.

Она што секако е интересно е дали принцот Хари и Меган Маркл ќе се појават на овој значаен настан за кралското семејство.
Имено, веќе е најавено дека во ноември принцот Хари и војвотката од Сасекс, заедно со нивниот син Арчи, треба да патуваат во Америка за да поминат шест недели со мајката на војвотката Дорија Рагланд и со неа да го прослават празникот Ден на благодарноста.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …