(ФОТО) БРИТАНСКАТА ЈАВНОСТ НА НОЗЕ: Дали првата официјална средба на скараните браќа, Меган и Хари вешто ќе ја одбегнат?

Британците се загрижени дали за две недели браќата кои во последно време не се во добри односи ќе се сретнат лице в лице на Денот на примирјето со кој завршила Првата светска војна
Сè поизвесно е дека принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) ќе треба да се соочат со принцот Вилијам (37) и Кејт Мидлтон (37) на годинешниот Ден на сеќавање, кој се слави на 10. ноември ширум светот.
Тоа би била нивна прва јавна средба откако се појави документарецот на телевизијата ИТВ „Хари и Меган:Африканско патување“, на кое принцот Хари се осврнал меѓу другото и на неговите односи со неговиот брат.

Минатата година, кога односите, барем со јавноста, беа идилични, принцот Хари и Вилијам заедно со нивните сопруги им се придружија на кралицата Елизабета Втора, Премиерот и другите членови на кралското семејство на настанот организиран во Вестминстерската опатија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …