домашни звезди

Денес се сеќаваме на нашиот легендарен водител, музички новинар и тектописец Ѓоко Георгиев

Ѓоко Георгиев е роден на 17 јануари 1926 година во Битола. Тој е еден од клучните луѓе и најмаркантните личности на македонската забавно-музичка естрада, особено во нејзините најрани денови. Георгиев бил доајен на нашето радио-водителство и водител на првите контактни програми на Македонското Радио, продуктивен и широко популарен музички новинар …

Повеќе »

Стефче Стојковски ќе го прослави 25 годишниот јубилеј на неговиот ансамбл со концерт во Македонска Филхармонија

После 21 издаден албум, одржани 100 семинари за музика и настапи во 42 земји низ светот, изведувачот на народни инструменти Стефче Стојковски ќе го прослави 25 годишниот јубилеј на неговиот ансамбл. Заедно со Стефче Стојковски на концертот ќе настапат врвни вокалисти и изведувачи на македонски традиционални инструменти. Концертот ќе се …

Повеќе »

Заврши IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show: Македонија седма светска сила во хип-хоп и стрит денс

Скопје девет дена пулсираше во ритамот на хип-хопот, претворајќи се во вистински глобален центар на урбаната култура и енергија. Од 9 до 17 октомври, очите на хип-хоп светот беа вперени во Македонија, која за првпат беше домаќин на едно вакво големо и интернационално шоу. IDO World Hip-Hop Championship & Street …

Повеќе »

Сеќавање: 20 години без доајенот на македонското глумиште Илија Џувалековски

Илија Џувалековски е роден на 20 декември 1915 година во Прилеп. Тој беше еден од најзначајните македонски театарски, филмски и телевизиски актери, режисер и педагог. Пред Втората светска војна студирал Музичка академија во Белград. Во август 1944 година заминал на Вис каде под раководство на Вјекослав Африќ настапувал во Театарот …

Повеќе »

Денес роденден прославува нашиот познат режисер Милчо Манчевски

Милчо Манчевски е роден во Скопје на 18 октомври 1959 година. Тој е познат режисер, сценарист, писател и фотограф. Студирал историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Како американски стипендист во 1982 година дипломира на факултетот за филм и фотографија во …

Повеќе »

Интервју со Foolish Green: На „Андерфест 6“ очекувајте рокање, убава музика, дуреви, молеви, енергија, синергија, гласни тапани, лумпување и терање ќејфои

Foolish Green се едни од најавтентичните и највозбудливите македонски бендови. Секогаш оригинални и доследни во тоа што го прават. Моментално се подготвуваат за нивниот следен настап на 1 ноември во МКЦ на фестивалот Андерфест. Им благодариме за одвоеното време и можноста да поразговараме на еден куп интересни теми, а вие …

Повеќе »

Денес роденден прославува нашата поп пејачка Викторија Лоба

Викторија Лоба е родена во Таганрог, Ростовска област, Русија на 17 октомври 1988 година. Подоцна, на свои 8 години, со семејството се преселува во Скопје. Таа е присутна на музичка сцена и ТВ станиците во Македонија уште од најмалата возраст. Во музичките води влегува во 2003 година кога ја претставуваше …

Повеќе »

Кирил Џајковски со музика за нова претстава во Белград

На 12 октомври во Белград на големата сцена Љуба Тадиќ при ЈДП (Југословенско драмско позориште) премиерно се изведе претставата „Машка солза” во режија на Александар Поповски, со музика на Кирил Џајковски. Се работи за текст заснован на 4 едночинки и еден расказ од Антон Павлович Чехов во која главните улоги …

Повеќе »

Оловен војник, нов сингл на Милко

Ви го претставуваме новиот сингл на скопскиот инди-рок бенд Милко – Оловен војник. Втората објава по минатомесечниот ,,Тажен понеделник”, ни ги носи Милко во исклучително игриво издание. Се работи за песна во која се огледа големото искуство на бендот, надополнето со модерен, свеж музички израз и звук. Несомнено, потенцијален есенски …

Повеќе »