Александар Ѓорчев е роден на 19 ноември 1933 година во Кавадарци. Тој беше истакнат македонски глумец и режисер.
Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1961) и на Театарската академија во Белград (1969). Со професионална глумечка дејност почнал да се занимава во 1954 година, како член на радио-драмата на Радио Скопје. По кратко време поминато во родниот град работејќи со неготинските аматери, кариерата ја продолжил во Народниот театар во Куманово, каде што покрај глума се занимавал и со режија. Настапувал и на сцената на Македонскиот народен театар, потоа бил потоа директор на Домот на културата во Неготино (1954-1962); член на Народниот театар во Куманово (1962-1969); член на Драмскиот театар во Скопје (1969-1993).
Неколкупати е наградуван на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е и на неколку други високи признанија, „Златен ловоров венец“ на Фестивалот на малите и експериментални сцени, Републичката награда „11 Октомври“ и Наградата на град Скопје „13 Ноември“.
Филмографија:
1969 Итрата видовица ТВ-филм
1970 Александра ТВ-филм
1971 Жед ТВ-филм
1971 Мува ТВ-филм
1973 Недела ТВ-серија
1973 ТВ ребус ТВ-филм
1974 Брачна понуда ТВ-филм
1977 Големата соба ТВ-филм
1980 Учителот ТВ-филм
1983 Премиера ТВ-филм
1984 Лет во место ТВ-филм
1984 Јуначко колено ТВ-серија
1984 Диво месо ТВ-филм
1984 Исчекување ТВ-филм
1985 Слободан пад ТВ-филм
1985 Тетовирани души ТВ-филм
1985 Случки од животот ТВ-серија
1985 Таткото на службен пат ТВ-филм
1985 Дупло дно ТВ-филм
1986 Среќна нова ’49 ТВ-филм
1987 За трошка среќа ТВ-филм
1987 Хај-фај ТВ-филм
1990 Трст виа Скопје ТВ-серија
1991 Тетовирање ТВ-филм
Починал на 26 јуни 1993 година во Скопје.
ekran платформа за слободоумни