Сеќавање: Една година без нашата истакната актерка Емилија Андреева

Емилија Андреева е родена на 18 јули 1955 година во Прилеп. Дипломирала на Вишата музичка школа во Скопје, на отсекот за драмски глумци, во 1977 година. Била вработена во Македонскиот народен театар од 1979 година до 2022 година до нејзиното пензионирање.

Театрографија:


  • Валерија — „Лов на диви пајки“ од Александар Вампилов, р. Александар Дунаев, МНТ, 1979;
  • Љубената — „Обесеник“ од Борислав Пекиќ, р. Владимир Милчин, МНТ, 1979;
  • „Вечер на Лундиквист“ од Артур Лундиквист, р. Чедо Камџијаш, МНТ, 1979;
  • Малтескињата Лезли — „Кенгурски скок“ од Живко Чинго, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1979;
  • Невестата, Гирланда — „Кандид“ од Волтер, р. Владимир Милчин, МНТ, 1980;
  • „По претставата“ од Николај Василевич Гогољ, р. Бранко Ставерев, МНТ, 1981;
  • „Остен“ од Бранко Ставрев, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1981;
  • Јевросима — „Војна и мир во Груда“ од Вељко Радовиќ, р. Благота Ераковиќ, МНТ, 1981;
  • Емилија — „Габи“ од Бранко Варошлија, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1982;
  • Ходел — „Свирач на покрив“ од Џери Бок, р. Владо Штефанчиќ, МНТ, 1983;
  • Саша — „Иванов“ од Антон Павлович Чехов, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1984;
  • Евгенија Занданска — „Mazedonische Zustände“ од Јордан Плевнеш, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 1984;
  • Трендафила — „Рамна земја“ од Ташко Георгиевски, р. Владимир Милчин, МНТ, 1985;
  • Рипката — „Гуштерица“ од Александар Володин, р. Евгениј Лазаров, МНТ, 1986;
  • Другарка на Антица — „Антица“ од Ристо Крле, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1988;
  • Нина Заречка — „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1990;
  • Госпоѓицата Лујза — „Посета на старата дама“ од Фридрих Диренмат, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1990;
  • „Стилски вежби“ од Рејмон Кено, р. Нелко Нелковски, МНТ,2008;
  • Монодрама “Незавршената приказна”, МКЦ, 2009;
  • „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2010.

Филмографија:

  • „Исправи се, Делфина“, р. Александар Ѓурчинов, 1977;
  • „Томе од бензинската пумпа“, р. Јане Петковски, ТВ-филм, 1979;
  • „Оловна бригада“, р. Кирил Ценевски, 1980;
  • Евдокија — „Време, води“, р. Бранко Гапо, 1980;
  • “Јазол”, р. Кирил Цаневски, ТВ-филм, 1985,
  • „Цвеќе на карпата“, р. Благој Андреев, ТВ-филм, 1989,
  • “Време, живот, р. Иван Митевски, ТВ-филм, 1992,
  • “Седумка, љубов или смрт” р. Коле Ангеловски, ТВ-филм, 2009.

Телевизиски серии:


  • „Курирот на Гоце Делчев“, 1979,
  • “Првите цутови”, 1981,
  • “Едно лето”, 1982,
  • “Другарувања”, 1984,
  • “Опстанок”, 1991.

Награди:

  • Награда „Трајко Чоревски“ за најдобар млад глумец на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 1984;
  • Награда на ревијата „Екран“ за најдобар млад глумец за улогата на Евгенија Занданска во претставата „Mazedonische Zustände“, 1984.

Починала во Скопје на 29 јуни 2023 година.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Работилница за експериментални видео форми инспирирана од Меријам Тафакори

Во четврток на 27 март 2025 година, во 14:30 часот во КСП Центар-Јадро, ќе се …