домашни звезди

СТОЕЧКИ ОВАЦИИ ЗА МАЕСТРА ДИЈАНА И. ИЛКОСКА ВО СОФИЈА

  По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови меѓународни претставувања. Неодамна настапи со Софиската филхармонија како гостин-диригент на концертот насловен „Виолините на Бах“, на кој како солистки се претставија реномираните виолинистки Зорница Иларионова и Божидара Кузманова. Илкоска одново ја покажа својата „енергична, …

Повеќе »

Денес роденден прославува нашиот познат музичар и професор Драган Даутовски

Драган Даутовски е роден на 21 ноември 1957 година во Русиново, Беровско. Тој е истакнат македонски музичар и професор. Драган Даутовски потекнува од работничко семејство, кое на негова петгодишна возраст се преселува во Берово, каде што Драган го завршил основното образование. Средно музичко училиште завршил во Штип, за веднаш по …

Повеќе »

Александар Гулевски ја објави песната „НЕБО“ од неговиот албум во подготовка „НЕ“

Денес, Александар Гулевски на неговиот Јутјуб канал ја објави песната „НЕБО“, инаку, петта песна од неговиот албум во подготовка „НЕ“. Иако песната на прво слушање наликува на глам-поп балада, сепак, во неа и понатаму преовладуваат познати и проверени елементи на македонскиот dark wave звук. За разлика од неговата претходна песна …

Повеќе »

Bad People на Iggy man ќе биде прв пат претставен на Cotton Blues Festival

Bad People е најновото музичко издание на Игор Станоевски – Iggy Man во форма на ЕР, кое претставува сублимат од блуз, рок, ритам и блуз, и спиритуал влијанијата на авторските песни кои се појавувават на истото. EP-то се содржи од 5 нумери, од кои 4 се авторски дела и плус …

Повеќе »

ДРИМ ТИМ со концерт одбележуваат убав јубилеј – 25 ГОДИНИ МУЗИКА

25 години убава македонска музика, 25 години хитови, 25 години кариера – ете толку полни Дрим тим, бендот кој може да се пофали со милионски прегледи на Јутјуб, свирки буквално на сите континети, бројни соработки со низа домашни имиња… И тоа не е сѐ, но сето дефинитивно е убав повод за …

Повеќе »

Сеќавање: 5 години без Таска Балабанова-актерката со чиј глас израснаа многу генерации

Таска Балабанова е родена во 1934 година во Велес. Таа беше истакната македонска филмска и телевизиска глумица. Радио-актер со чиј глас израснаа многу генерации слушатели на Радио Скопје, денес Македонско радио. Во младоста, остварува бројни улоги во матичниот Драмски Театар Скопје, а покасно радио-актерка со повремени филмски остварувања. Кај неколку …

Повеќе »

Интервју со Стефче Стојковски: Огромна е улогата на македонската изворна музика во зачувувањето на нашиот идентитет, музиката е таа која го одржала македонскиот културен идентитет и таа е столбот на нашето битие

Стефче Стојковски е наш познат мултиниструменталист. Чувар на македонската традиција и борец за зачувување на културниот идентитет. Од мали нозе почнува да свири, најпрво на кавал за да во понатамошната кариера успее да совлада повеќе од 10 традиционални македонски инструменти. Основач е на Ансамблот „Стефче Стојковски“, кој неодамна го прослави …

Повеќе »

Денес се сеќаваме на еден од најпознатите, најплодните и најнаградуваните македонски режисери Бранко Гапо

Бранко Гапо е роден во Тетово на 5 ноември 1931 година. Тој е еден од најпознатите, најплодните и најнаградуваните македонски филмски режисери. Со над 40 документарни и 7 играни филмови, како и со работата на драмски, телевизиски и радио-претстави, во период од над 40 години, тој е меѓу основоположниците на …

Повеќе »

Денес роденден прославува нашиот познат пејач Раде Врчаковски-Врчак

Раде Врчаковски-Врчак е роден на 17 ноември 1980 година. Во 1999 година излегува неговата прва песна, „И повторно сам“ која е прифатена од публиката. Наскоро излегува и неговиот прв албум, „Како да побегнам од се“ кој исто така е прифатен и брзо распродаден. Во 2001 година настапува на Макфест со …

Повеќе »