Астролог открива каква ќе ни биде 2021. година: Маските ќе ги носиме до април 2022.!?

Бикови, промената доаѓа!
Кај луѓето на кои Бикот им е подзнак, Марс ќе транзитира низ првата куќа. И во двата случаи ќе се активираат силни енергетски портали, кои обично носат големи промени.

Покрај Биковите, оваа енергетска промена силно ќе ја почувствуваат сите лица родени во знакот на Овен, Лав, Водолија и Скорпија. Марс ќе им донесе предизвикувачки квадрати и спротивставувања. Овие се исто така исклучително силни аспекти кои понекогаш носат брзоплетост, избрзаност и јаки изливи на бес.


„Во првата половина на годината следуваат судири на голема моќ, многу забрани и ограничувања“.

Овие предизвикувачки аспекти на почетокот на годината укажуваат на тоа дека енергијата лансирана во една насока не може нагло да се запре. Затоа се можни конфликти и недоразбирања меѓу луѓето во првата половина на годината. Ќе има многу обвинувања против големите сили, како на пример, кој е виновен за короната и економската криза низ целиот свет. Воведувањето забрани, ограничувања, санкции ќе продолжи во првата половина на годината.


Сето тоа зборува за конфликт на старо и ново време и нетолеранција на глобално ниво. Исто така, овој аспект ќе се однесува на финансиите и светската економија, бидејќи Уран е во Бик, а Бикот владее со пари.

„Плаќањето во готовина ќе биде откажано“.


Во следните неколку години, можеме да очекуваме целосна промена во областа на финансиите и можеби целосно укинување на готовината и плаќањата. Тоа нема да се случи во 2021. година, туку во следните 15 години.
Ние сме на прагот на ерата на Водолија, но сè уште сме 358 години од вистинската ера на Водолијата. Ова е време на будење и промени. За некои ќе биде тешко, а некои едвај чекаат големи промени. Живеењето во согласност со времето во кое живееме е најголемата мудрост што можеме да ја доживееме како човечки суштества. Научете да живеете во согласност со времето на Уран и ќе ја имате секоја поддршка на планетите и целиот универзум.

Пазете се од црни мисли
Стравот од болести сè уште ќе биде присутен. Луѓето се уморни и исплашени, раздразливи и треба да бидат свесни да не паднат во колективен страв и паника. Треба да се исчистите од тешки мисли. Опкружете се со позитивни луѓе кои секогаш се свртени кон иднината!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 18.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Првиот ден од викендот им доаѓа очекувано за повеќето родени во знакот Овен, …